Не секое добро дело е самото по себе добро. Вистинско добро дело е само она кое се прави заради Господа.
Надворешната страна на делото не е и неговата суштина. Бог го гледа срцето. Ние сме должни силно да се смириме себеси, ако забележиме дека кон некоја наша постапка притаено се присоединува и страста.
Во храмот, внимателно слушајте го Божјото слово, а потоа истото дома повторно прочитајте го. Ова е многу важно!
Стремете се добро да го запамтите она што сте го исчитале, зашто голем дел од нашите гревови произлегуваат од тоа што не ги памтиме и пазиме Божјите заповеди. Ретко се случува човек да го помни она што е забрането од Господа, а сепак да го направи таквиот престап, зашто најчесто во моментот на грешењето се заборава кажаното од Бога.
Обратете внимание на тоа, колку е важно да се помни словото Божјо. Господ ветува дека ќе ни биде услишана молитвата, ако ние го бараме она што е потребно, односно она што е корисно за нашето спасение.
Преподобен Никон (Бељаев)