На голема радост на сите православни христијани ширум светот е веста дека во најскоро време ќе бидат во можност да го погледнат филмот  посветен на св. Нектариј Егински со наслов „Божји човек“.

Филмот е по повод 100-годишнината од упокоението на св. Нектариј Егински, кој е еден од најголемите светители на 19 и 20 век. Режисер на филмот е Елена Попович, која била импресионирана од животот на св. Нектариј, кога прв пат прочитала за него во 2012 г. Во филмот учествува и холивудската легенда Мики Рук, и ја толкува улогата на човек кој бил излекуван од св. Нектариј. Снимањето на филмот се изведувал на различни места поврзани со животот и делото на великиот светец. Погледнете го трајлерот на филмот, кој допрва треба да излезе.