ДОМОТ

Светла шумо
што се палиш од фосфорните
гребени на морето
зраку мој заробен
во седефот на школките
биди ми корито
на мојата
разгранета река
што се влива во сончевите
ракави на летото
молитвен дом
биди ми
око будно на ридот
што се граничи со шумата
и пламенот на свеќата
догорена во иконата
во која сонот ми бега
оти ти си недотек
светол, свенат
возвишен предел
на ридот
каде се губам со приливот
на морето.