Отец Стефанос Анагностопулос раскажува чудо што се случило на Света Гора, Грција, кога го посетил својот духовен отец, старец Ефрем (од Аризона):

Врескаме, викаме се сомневаме… за Неговото постоење и други нешта… а тој ни вели „Те сакам“. „Се предадов на крст за тебе“. Во 1962 година имав благослов и чест, нешто за што пишував во мојата последна книга со наслов „Дали навистина знаеш кој си ти?“ (за жал заборавив  да ја донесам и да ја поделам тука на отците).

Дали навистина знаеш кој си ти? Бидејќи не знаеме кои сме ние. Ние мислиме дека сме нешто. Првата лекција, ја добив од мојот духовен татко, старец Ефрем  (Аризонски) кој беше во Неа Скити на планината Атос во 1962 година. Јас имав 32 години, а тој 34. И покрај малата разлика во годините јас доживеав чудо. Чудо!

Откако извесно време разговаравме, сèсеисполни со светлина, како да беше ден. Светлина! Светлина! Миризма! Рај! Не почувствував кога мина времето, кога поминаа саатите, што ми рече, не се сеќавам колку пати се качивме и се симнавме од седмо небо!

Не се сеќавам на ништо! Само се сеќавам што доживеав, што доживеа мојата душа. На тоа се сеќавам, што доживеа мојата душа.

Но дури и ова не може да биде опишано. Ниту една небесна, божествена работа не може да биде препишана или опишана. Кога велам „препишана“ мислам дека не може да се нацрта, не може да се претвори во икона, исто така не може ниту да се опише. „Неискажливи зборови“ (2. Коринтјаните 12:4), зарем не е тоа што го рекол апостол Павле? Не постојат зборови … За да кажеме што? Дека Господ е добар … што значи тоа добар? Бог е сèдобар… што значи сèдобар?

Тој те сака тебе и тебе, грешникот. Ние му се колнеме, исто така го користиме овој глагол, овој проклет глагол. А тој вели: „Те сакам“. Викаме, врeскаме, се сомневаме… на Неговото постоење и други нешта, а Тој вели „Те сакам“, „Се предадов на крст за тебе!!!“