Кој е тој што е денеска спокоен, којшто не е вознемирен, којшто не е со растргнато срце.

“Да биде волјата Твоја”, овие зборови од Господова молитва, како милосни топли зраци од сонцето, нека го загреат нашето битие, разлевајќи ја во него благоста на мирот и спокојниот однос кон сите незгоди и радости во нашиот живот, и нека не укрепат за дејноста која на секој од нас му е наложено спрема занимањето и положбата.
Да се предадеме себеси на Божјото водство , да се сместиме под Неговиот топол, благ покрив, тоа е главниот услов за среќа.
“Самите себеси и сиот свој живот на Христа Бога да го предадеме” – овој возглас кој го слушаме во текот на богослужбите, нека навлезе не само до ушите наши, туку да допре до срцето, до дното на нашата душа, и таму да најде кон себе искрен и потврден одзив.

Извадок од книгата
Господи, ти си мојот живот