Христос ни донесе учење од височините, за да се издигне нашата мисла кон небото, та и ние, да се угледаме на својот Учител. Меѓутоа, како може да постанеме подражаватели на Христа? Кога работиме сите за општо добро и никој не го бара своето.
Зашто е речено за Христа: “Оти и Христос не угоди на Себеси, па како што е напишано: “Хулењата на оние, што Те хулеа, паѓаа врз Мене” ( Рим. 15,3). Никој да не го бара своето, секогаш да го има предвид и тоа на ближните, затоа што, што е наше, е и нивно!
Да не бидеме еден кон друг како разделени. Никој да не зборува: никој не ми е пријател, не ми е роднина, не ми е сосед – во мене нема ништо заедничко со него, како да се доближам до него? Ако тој не ти е роднина, нити другар, сепак, тој човек има иста природа со тебе, еден и ист Господар, сожител ти е во еден и ист свет.
Извадок од книгата
Духовни бисери од светите отци