Сè што е живо тежнее кон сонцето. Знаете колку светло и радосно се чувствуваме во ведар сончев ден. Како целото наше тело да свети од
енергијата на светлината. Тоа е она за што зборува Исус Христос, но чија суштина не ја сфаќаме.
За обичната, сончева светлина, Господ ни зборува за да ни ја покаже разликата помеѓу оваа и духовната светлина – онаа светлина со која не светат само душите, туку и телата на светителите. Со таква духовна светлина светело лицето на великиот пророк Мојсеј, кога се симнувал од Синајската гора, држејќи ги таблите со записите кои беа напишани со прстот Божји. Со светлина на душата, со светлина на чистиот ум е проткаено целото битие на добрите луѓе.
За мнозина слепи нивната тешка несреќа е големо Божјо доброчинство, бидејќи тие, коишто не ги расејува, коишто не гледаат ништо суетно, длабоко сосредоточени, гледаат во своето сопствено срце, го запазуваат секое негово движење и ваквото набљудување им дава духовна светлина.
Светителите секогаш биле нурнати во созерцание на своето срце и целото нивно битие светело со голема духовна светлина.
Извадок од книгата:
„Свети Лука Војно – Јасенецки
Христов лекар и исцелител од последните времиња“