Општеството ги мери годините, вековите, милениумите, но најглавното го заборава, а тоа е: „ И би утро, би вечер, ден први“.

Најтврдото нешто е каменот, а најнежното е водата, но сепак, капка по капка водата го рони каменот. На човекот му се дадени очите, за преку нив правилно да ги сфаќа и гледа нештата и појавите.

На човекот му е даруван животот за тој нему да му служи, а не обратно, човекот да му биде роб и слуга на животот. Човекот не треба да биде заробен од секојдневните околности, т.е не треба да го принесува внатрешното како жртва на надворешното. Ако одлучи да му робува на животот, тогаш човекот ја губи рамнотежата, па затоа почнува да делува без расудување и запаѓа во многу тажни недоумици. Едноставно, тој почнува да не знае зошто живее.

Ова е особено штетна околност, и затоа често се случува: човекот, како натоварено добиче, само да носи и носи без престан, и наеднаш го снајдува некакво стихијно спрепнување.

Преподобен Нектариј (Тихонов)