Делата на милосрдието кои им се направени на луѓето ги прима Бог. Некој човек во Цариград бил необично милостив. Одејќи по градските улици тој на сиромасите им го стуткувал во рацете својот дар, и веднаш одел понатаму за да не слушне благодарност и да стане познат. Кога некој пријател го запрашал како станал толку милостив, тој му одговорил:

– Еднаш во црквата го чув свештеникот како поучува, дека кој ќе му даде на сиромашниот, тој му дава на Самиот Христос во раце. Не поверував тогаш во ова, зашто мислев, како е можно кога Христос е на небесата? Но еднаш, додека си идев дома, видов еден сиромав како стои и проси, а над неговата глава блеска ликот Христов.
Во тој миг помина некој и му даде на просјакот леб, и јас видов како Господ ја испружи раката, го прими лебот и го благослови дарителот.
Оттогаш јас секогаш го гледам тој лик над главите на просјаците, затоа со голем страв правам милостина колку што можам”

Извадок од книгата
Најдобриот воспитувач