Денес Бог прима тело; пред сите векови Тој без мајка се родил од Отецот на небесата, а сега на земјата без татко, на страшен и чудесен начин. Се родил од мајка, се зачнал во Дева, како двоен по природа – како Бог и човек, Кој може да се разбре и да се искаже со нас. Он е Бог Кој дојде на земјата и Кој сака да го спаси човечкиот род, бидувајќи истовремено заедно со Отецот и со Духот на небесата, и Кој воедно е на земјата еднакво славен и прославуван.

Он моќно царува уште од Своето раѓање; бидејќи не постои друг Кој од порано е роден од татко без мајка, ниту пак Кој е зачнат во Девојка. Таков е само единородниот Син Божји – Кој ја прима природата и Кој по природа е еднаков на Татка си.

Он ни се јави нам, како светлина на светот, Бог вистински од вистинскиот Бог – роден, а нестворен… Оваа блага вест ја среќаваме во книгата на старозаветниот пророк Исаија, каде се вели: „Еве, Девојка ќе зачне и ќе роди Син и ќе му стават име Емануил, што значи: Бог е со нас“.

Св. Климент Охридски