Алпинизмот и фотографијата за струмичанецот Александар Дончев се неразделен дел од него. Цитирајќи познат алпинист, Дончев вели: „Кога се искачувам високо всушност продрувам длабоко во самиот себе!“

-Ова целосно одговара во доживувањето. Искачувањето надвор е и искачување внатре. Се бориш со стравот во себе со немоќтта, со очајот. Планината не е бегство туку помага да го видиш светот и од друга перспектива, вели Дончев.

За алпинизмот, за фотографијата, за неговите патувања во Ерусалим и Света Гора погледнете повеќе во видеото.