Иако во духовниот живот е потребно да не се потпираме на себеси, тоа не значи дека треба да очајуваме, да бегаме од бојното поле и да му се предадеме на непријателот.
Кога ќе се одрекнеме од себе, треба да чувствуваме со сето свое срце дека нашата вера во Бога е неприкосновена и дека само од Него можеме да очекуваме добро, помош и победа.
Како што не очекуваме ништо од себе, бидејќи и самите сме ништо, така се надеваме дека и Бог ќе ни ја даде секоја победа, според сведоштвата од псалмот:
“На него се надеваше срцето мое и Он ми помогна” (Пс. 27:7).
За да добиеме таква надеж и помош, ќе имаме корист од ваквото размислување:
а) Семоќниот Бог може да стори што сака, па може и нас да ни помогне.
б) Како сезнаен и Мудар, Он ги знае сите најсовршени работи и знае што е најдобро за спасение на секој од нас.
в) Како бесконечно добар, Он е секогаш подготвен во секој ден и во секој момент да ни даде со неискажлива љубов, помош која ни е потребна за да оствариме целосна духовна победа.
Извадок од книгата
Невидлива борба