Му се молам на Бога: и вие да се удостоите и да го добиете тој голем огнен Дух, Кој сум Го примил јас. Ако сакате да Го добиете и Он да остане во вас, принесете најнапред телесни трудови и смирение на срцето, а вашите мисли, дење и ноќе, издигнувајте ги кон небото, па ќе Го имате овој огнен Дух, заедно со праведноста.

Он ќе ви биде даден. На овој начин, Духот го добиле светите пророци Илија Тесвитјанин и пророкот Елисеј, како и другите пророци. На оној што се труди и вака се подвизува, ќе му биде даден Светиот Дух, засекогаш и за вечни векови.

Бидете непрестајно во молитвите и барајте со сето ваше срце. И Он, кога ќе Го примите, ќе ви ги открие возвишените тајни; ќе го истера од вас стравот од луѓето и од зверовите, и ќе имате небесна радост и дење и ноќе, а во ова тело ќе бидете како веќе да се наоѓате во Небесното Царство.

Свети Антониј Велики