Може да слушате проповеди и беседи, да читате верски книги, да посетувате манастири и старци, по цел ден да разговарате за важноста на покајанието, а ништо да не менувате. Годините минуваат, а вие само останувате ментален обожавател на црквата.

Вашиот живот сведочи за сѐ освен за Христос. Во своите зборови и во вашата ментална имагинација вие сте „исповедник“, но вашиот начин на живот често е посекуларен, па дури и од оние кои се будат во ноќни клубови.

Можете да живеете во пустина и во манастир, а начинот на кој размислувате, чувствувате и се движите, може да биде целосно секуларен.

Надворешната облека не нè спасува.

За да настанат промени во нашиот живот потребно е следното:

  • Реално прифаќање на вашите егзистенцијални граници. Вие не сте семоќни. Потребна ви е Божја помош и интеракција со другите.
  • Смирение и храброст да признаете -„не знам, не знам сѐ, сакам да дознаам“.
  • Ослободување од самодоволноста. Отфрлете ги вашите доблести за да може Христос да ве облече во Својата благодат.
  • Искреност кон себеси
  • Преземање одговорност за својот живот
  • Носење на крстот како еднакво на секоја промена која боли и чини
  • Одлучност и истрајност. Се менуваат само оние кои се доследни на својата одлука.

Од наведеното разбираме дека покајанието е дело на синергија меѓу Бог и човекот. Тоа се случува кога одвнатре сме спремни и главно во контекст на нашето смирение, односно од реалното согледување на нашиот живот. Бидејќи, Бог дава знаци, а ние мислиме дека тоа се пердуви од нашите ангелски крилја кои се кубат.

Отец Пападаполус