Неопходно е секој ден да се оддели малку време за разговор со својата душа. Полезно е да размислуваме за тоа дека часот на излегувањето од овој живот Господ го сокрил од нас. Затоа, во секој момент треба да бидеме подготвени за да застанеме пред судот Божји. Своето спасение не одложувај го за утре, бидејќи утре може да биде веќе доцна.

Поучно и спасително за душата е со мислите да се испитува годината што поминува. Како живеевме, какви промени имавме во нашиот живот, направивме ли нештата да бидат подобри, се трудевме ли во делата на благочестието? Утешително е ако во себе забележиме некакво поправање во својот живот, мало умножување на љубовта кон Бога и ближните, преуспевање во смирението, воздржанието и во другите добродетели.

Ако ние ја почнеме новата година со истите недостатоци, какви што и претходно сме ги имале, ако имаме исто студенило кон Бога и кон делото на нашето спасение, тогаш треба да се натажиме и да почне да нѐ боли душата, и веднаш да почнеме поусрдно да бараме од себлагиот Бог да нѐ укрепи во сѐ што Нему Му е благопријатно, а е спасително за нашите души.

Исто така, потребно е почесто да се потсетуваме на зборовите од Евангелието: „Каква полза ќе има човекот, ако целиот свет го придобие, а душата своја ја загуби“.

Старец Арсениј (Минин)