Двајца другари

Биле еднаш двајца другари… Еднаш се случило да се
испокараат и едниот на другиот му удрил шамар. Овој иако го
здоболело не рекол ништо ами само на песокот напишал:
„Денеска мојот најдобар другар ми удри шамар“.

Тие продолжиле понатаму по патот и наишле на едно езеро и
одлучиле да се избањаат. Одеднаш другарот кој доби шамар
почнал да тоне. Другиот брзо скокнал во водата и го извлекол
на брегот. Кога давеникот си дошол на себе, на камен напишал:
„Денеска мојот најдобар другар ми го спаси животот“. Тогаш
другарот, кој прво му удри шамар и потоа го спаси, запраша:
– Кога те навредив ти пишуваше на песок, а сега пишуваш на
камен. Зошто?

– Кога некој ќе нè навреди, тоа треба да го запишеме на песок
за да може ветерот да го развее. Кога некој ќе ни направи
добро, тогаш тоа треба да го издлабиме во камен, за да не
може никаков ветер да го избрише.
Научи се навредите да ги пишуваш на песок, а радостите на
камен.