Две бебиња си зборуваат во стомакот на една бремена жена.
Бебето што не верува: Веруваш ли во живот по раѓањето?
Бебето што верува: Се разбира дека верувам. Очигледно е дека има живот после раѓањето. Целта на нашиот престој овде е да станеме доволно силни и да се подготвиме за животот.
Бебето што не верува: Целосна глупост! По раѓањето не може да има живот. Можеш ли да си замислиш каков живот би бил тоа?
Бебето што верува: Па, не знам детали, но верувам дека ќе има повеќе светлина и ќе можеме да одиме со нозете и да јадеме со устата.
Бебето што не верува: Глупости! Невозможно е да одиш со сопствени нозе и да јадеш со својата уста! Тоа е смешно! Имаме папочна врвца која нѐ храни. Еве што ќе ти кажам: не може да постои живот по раѓањето зашто папочната врвца, нашиот вистински живот, е бездруго премногу кратка.
Бебето што верува: И покрај тоа, сигурен сум дека животот по раѓањето е сосема возможен. Едноставно, сè ќе биде малку поинаку. Само замисли си.
Бебето што не верува: Но, никој не се вратил оттаму! Животот едноставно завршува со раѓањето! Со други зборови, животот не е ништо друго освен страдање во мракот.
Бебето што верува: О, не! Не знам каков ќе биде нашиот живот по породувањето, но со сигурност ќе се сретнеме со мама и таа ќе се грижи за нас.
Бебето што не верува: Мама? Значи, ти веруваш во постоењето на мама? А, каде мислиш дека е таа?
Бебето што верува: Таа е насекаде околу нас, ние пребиваме во неа, способни сме да се движиме и да живееме благодарение на неа; без неа не можеме да суштествуваме.
Бебето што не верува: Дрн-дрн! Никогаш не сум видел никаква мама – затоа, повеќе од јасно е дека таа не постои.
Бебето што верува: Не, не можам да се согласам со тебе. Понекогаш, кога сè околу нас ќе се смири, ја слушам како пее и чувствувам како го гали нашиот свет. Убеден сум дека нашиот вистински живот ќе започне по раѓањето, а ти?
http://www.livejournal.com/users/catandfiddle/95720.html