Доктрината за магнетните текови на земјата им била позната уште на следбениците на таоизмот во древна Кина. Предмет на геомантијата (фенг-шуи) е да се наведат најдобрите места за поставување на домовите и особено на гробиштата. Правилата на геомантијата биле запазувани толку строго, што со текот на времето тие станале сериозна пречка за влезот на цивилизацијата, бидејќи железниците и телеграфските столбови го вознемирувале фенг-шуито и ги сквернавеле коските на површините наменети за гробишта.

Што мисли православието за магнетните полиња на земјата и како гледа на причините за заболувањата од рак?

Да, несомнено е дека магнетните полиња се реалност, но милиони вистински православни христијани (т.е. оние што често го посетуваат храмот, редовно се исповедаат, се причестуваат, се смируваат и се покајуваат за своите гревови) се целосно рамнодушни кон нивното постоење. Чудна работа! Недостижните тајни не само на земниот свет, туку и на невидливиот, биле откриени од Божјата мудрост на мноштво светии на Православната црква (Св. Свети Силуан Атонски, на пример, спомнува дека го молел Бога да му покаже како го создал сонцето и се разбира не останал без одговор, а преподобниот Серафим Саровски често бил вознесуван во рајските предели), но никој ништо не ни оставил за тоа, каде и на кое место е подобро да си го поставиме креветот.

Светителите покажуваат целосна рамнодушност по ова прашање. Јов, на пример, живеел болен на буништето; Теофил Киевски подеднакво добро спиел и во кал и во палати, Киево-Печерските отшелници си ископале пештери една до друга, без да прават некакви пресметки; блажена Ксенија Петербуршка целата зима поминувала боса и во партали, спиела на снегот во полињата и секаде каде што ѝ давале засолниште добрите луѓе; блажена Алипија Киевска неколку години спиела во шуплините на дрвјата. На сите нив им било откриено минатото, сегашноста и иднината, тие ги знаеле сите итроштини, причини и последици во овој свет, можеле да исцелуваат разни физички и душевни заболувања, но никој не ги подучувал своите чеда да го преместуваат мебелот во куќата, барајќи „безопасни места“. Значи, за светителите, овој фактор не им бил од витално животно значење.

Да потсетиме дека учењата за „добри“ и „лоши“ места може да се пронајдат и во магичните книги на идолопоклонство, односно во паганската религија, од кои голем дел припаѓаат на „богови“ и „духови“, кои Светата црква ги определува како демони.

Така, ниту во Светото Писмо, ниту во Светото Предание, не наоѓаме напомени за геопатогени зони, па затоа учењето за нив нема никаква врска со духовниот живот на човекот. Откритијата на современата академска наука исто така не даваат одговор за мистичната страна на ова прашање.

Елена Чучкалова