Кандило
Тежат колку што тежат.
Три прсти-вода,
два прста-масло
и една шамандурки.
Различни скалила,
различни приказни,
различни судбини.
Ниту се сакаат,
ниту се мешаат,
а толку можат
да се сложат
за да не удостојат
кога од солзи се празниме
или празнуваме.
Ќе го земаме ли урнекот
од нив,
за нашето живеење?