Христовото Распетие е акт на слободната Божја љубов. Тоа е дејство на волјата на Спасителот Исус Христос Кој се предава Себеси на смрт, за другите да можат да живеат – да го живеат вечниот живот, да живеат со Бога.

Јуда Го предал, Петар се одрекол од Него, тројца од учениците заспале во Гетсиманската градина; сите се разбегале. Ирод цинично се подбивал со Него, Пилат од страв пред луѓето Го предал на смрт, првосвештениците од слепа вера и завидливост барале да биде распнат.

Но конечно, Христос станал човек, живеел, страдал и умрел заради мене и тебе, за секој од нас посебно и за сите нас заедно што сме го изгубиле Бога преку гревот, преку заборавеноста, преку нашето себељубие. Како што еднаш рекол Спасителот, Он за секој од нас посебно би го претрпел целиот ужас на гетсиманската ноќ и крстното умирање и страшната смрт.

Он слободно би го положил Својот живот за тебе и за мене – не колективно за нас, туку за секого поединечно, бидејќи секој од нас му е толку драг и толку возљубен, што неговата цена е: сиот живот, целиот ужас, сето страдање и сета смрт Христова.

Митрополит Антониј Блум