Градоначалникот на Ново Село, Ѓорге Божинов, на неговиот прв работен ден на оваа функција го пречека Неговото Преосвештенство Викарниот Епископ Јаков Стобиски.
-Денеска, на првиот работен ден во општината бевме посетени од Неговото Високопреосвештенство Владика господин Јаков Стобиски. Ги образложивме нашите намери и планови и побаравме Благослов. На многу години Владико, Ново Село чува долга христијанска традиција и дом на многу искрени верници и духовни лица. Благословот и надежта во душата се најважниот дел од секоја чесна работа, рече градоначалникот Божинов.