Бог, Кој сака сите да се спасат и да дојдат до спознанието на вистината (1. Тим. 2, 4), направил сè што е можно за спасение на човештвото. Плодовите, на извршената од Него искупителна жртва, имаат општочовечки карактер. Тие објективно се распространети над целото човештво, како целина, но и над секој човек поединечно.

Човечката природа е веќе ослободена, а единствен услов за човековото спасение е неговата сопствена желба. Како што забележал преподобниот Максим Исповедник: Откако Христос умре и воскресна, нашето спасение зависи само од нашата волја.

Христос, без да ја ограничи човековата слобода, ги уништи пеколот и смртта, го обессили ѓаволот, ја соедини човечката природа со Бога и ја воведе во закрилата на Пресвета Троица. По Неговото слегување во пеколот, портите на адот се затворени, но само одвнатре, од самите негови жители.

Кажано со други зборови, човековата слобода, односно неговата слободна волја, е оној „камен“ што ни Бог не може да го подигне, зашто по Христовото слегување во пеколот, во него се останати, и остануваат, само оние кои доброволно одбиле да излезат од пеколната утроба.

Свети Никола Кавасила