Синоќа, пијанистката Даница Стојанова одржа  хуманитарен концерт за изградба на Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“.

Присутните во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица  имаа можност да ги слушнат маестралните изведби на дела од Аврамовски, Бах, Лист, Зографски, Шопен и Коларовски.

Меѓу гостите на концертот беа и Викарниот епископ г.Јаков Стобиски заедно со црковниот клир, градоначалници и пратеници од југоисточниот регион, како и претставници на јавни институции.

Собраните средства од продажбата на билетите ќе бидат донирани за изградбата на соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“.

извор http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7684