Зашиено грло

Затаени сокаци го чекаат патникот
тишината да им ја погреба,
стапала да му милуваат,
да му соблечат здив,
белката од црнката да ја раздвојат,
збор од јазик да проголтаат,
саде тајна в грло да му остават.
Зашиено грло корне од болка,
пресушена солза стега во око,
силата умира, снагата го предава
саноќна штама го погребува
на распродажба време не се купува,
Созрева денот, сенката ја краде,
силна порив глад сити,
срцето абер чека да прати
изгниени конци грло да рашијат,
пресушени солзи да бликнат.
Та би сокаци воскреснале
и би грев откупиле,
од притиснат камен
прашина за ветрот би зачнале.

Ице Беличев