Постојат два вида на искушенија. Некои произлегуваат од нас, а други Бог ни ги испраќа за наше утврдување и прослава. Оние искушенија што произлегуваат од нас се исто така од два вида. Некои се должат на непромислена храброст, која ние ја нарекуваме дрскост и од која Господ ни заповеда да се пазиме, бидејќи иако духот е бодар, за време на подвизите бодроста исчезнува и таквата храброст не завршува добро за оние што ја поседуваат.

Другите искушенија, како на пример уништувањето на Содомитите (1. Мој. 19, 13), се испраќаат заради гревот. Овие искушенија мора да ги избегнуваме, со сите наши сили, живеејќи без грев; искушенијата од Бога, не само што не треба да ги избегнуваме, туку, кога е можно, секогаш треба да ги бараме со трпеливост и благодарност, бидејќи тие нѐ удостојуваат со слава и венци. Искушенијата се различни: како што реков, некои произлегуваат од Бога, а други од нас самите.

Трпението е корисно и во двата вида на искушенија. Преку искушенијата од Бога ја добиваме славата, каква што примија Авраам и Јов, а при искушенијата од нас самите, ако ги трпиме со благодарност, се чини дека добиваме награда за нашите гревови, зашто тој што е свесен за неговите гревови го поставил почетокот на неговото спасение и се здобил со карактеристики на праведен човек, а праведниот маж најпрво се обвинува себеси.

Блажени Теофилакт Охридски