Заробени ветришта

 

Оглушувачки свиреж

иташе кон врвот

за да ја распука планината,

да го разнесе сонцето,

оништожи небото.

Столетни дрвја се поклонуваа,

оголени гранки превиваа,

матни потоци надојдоа

кога ветрот и дождот

здивот го измешаа.

Бледа, восочна светлина

исцртуваше патека

за да се изгуби

штом пламенот се потроши.

Непрооден е сега патот,

врвот – невидлив,

ветрот лут и нескротлив,

ама доволно слаб

да не застане на врвот,

да остане заробен зад планината,

зачепен меѓу жилите

на подгрбавените дрвја.