Често принудувај се себеси на внатрешна молитва, колку што имаш сили и време. Вежбај се во сеќавањето на смртта и моли Му се на Бога, за Он да ти даде сеќавање на смртта.
Погледни каков е нашиот привремен живот: непостојан, променлив и минлив, невнимателните ги вовлекува во расејаност. За да се добие внатрешниот мир, постои само едно средство – постојаната молитва.
Здодевноста и тагата ќе поминат. Истрпи, не предавај се на униние, и Господ ќе ти помогне и ќе те чува.
Сѐ додека нашиот душевен кораб плови по житејското море, секогаш, како и времето, ќе подлежиме на временски промени: некогаш ќе има дожд, некогаш ќе е ведро, а понекогаш ќе настапи силна бура, исто како и лаѓата која од брановите е фрлена на подводниот камен или на брегот. Поинаку не може да биде во оваа долина на плачот, само идниот живот ќе биде без вакви промени.
Кога ние сме под влијание на страстите – говорам за душевните – самомнение, суета, гнев, лукавство и демонска гордост, тогаш, под влијание на овие страсти, ни се чини дека сите луѓе се виновни и лоши. Меѓутоа, ние немаме таква заповед, од другите да бараме љубов и справедливост. Самите ние сме обврзани да ја исполниме заповедта за љубовта и да бидеме праведни.
Сепак, не биди мрзелив, за време на непријатностите вдлабочи се во Светото Писмо, во делата на Светите отци, и во молитвата, и тогаш со опит ќе почувствуваш мир и тишина во својата душа. Само со своето расудување, без Божјата помош, не можеме да го добиеме мирот, а потоа и на другите да го пренесеме.
Старец Јован Алексеев