ПРЕВЕДÈНА- Иван Василевски
Над твојот мир очите ми минат
по килими исткаени од мечти
И секој здив од прелеста чинам
душата од грев ми ја лечи
Над твојот мир мислата ми лета
во небеса, како божја гламна
И вчас дивината питомо цвета
и сиот раскош забрефтува пламнат
Над твојот мир душата ми езди,
како привид во маглата под ридот
Длабоко во шумата прскаат ѕвезди
и искрат до кај што ми допира видот
Над твојот мир зборот ми прелетува
како миг на зенитот, како магновение
Природата набрекнува. Распролетува
Боже, рајот ли е ова, или привидение