Излезе од печат новата книга на Митрополитот Струмички Наум: „Философски стрмнини“ (05.01.2023 18:08)

На празникот на Свети Наум Охридски Чудотворец, излезе од печат новата книга на Митрополитот Струмички Наум – „Философски стрмнини“, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса.

Книгата е посветена на Премудроста Божја, нашиот Господ Богочовекот Исус Христос. „Мудрост, пак, проповедаме меѓу совршените, но не мудрост од овој век, ниту, пак, онаа на преодните господари од овој свет, туку ја проповедаме Божјата премудрост, тајна сокриена, која Бог ја предодредил уште пред вековите за наша слава, која никој од господарите на овој свет не ја познал; зашто, ако ја беа познале, тогаш немаше да Го распнат Господ на славата“ (1 Кор. 2, 6–8).

„Наша прва христијанска цел е да стекнеме духовен разум, односно прво да ја преобразиме енергијата на умот преку нејзината примарна функција – молитвено единство со Бог, односно со Неговата несоздадена енергија, така што еднаш веќе преобразената енергија преобразено да се однесува и во својата секундарна функција – комуникацијата со овој свет.“ (извадок од книгата)