Синоќа во Завод и музеј Струмица беше отворена изложбата на икони од 19 век на струмичкиот зограф Григориј Пецанов.

Во период од неполни 40 години тој работи воглавно во скоро секое село во струмичко, а синоќа на изложбата беа претсавени репродукции од 24 дела, што преставува многу мал дел од опусот на Пецанов.

Делата се фотографирани онака како што се порнајдени во црквите, некои оштетени и исчадени, а некои и исчистени и конезервирани, вели Магдалена Василева историчар на уметноста.

Струмичкиот зограф Григориј Пецанов е еден од најплодните зографи кој во потписите на иконите најчесто се преставува како зограф од Струмица.

Настанот во организација на НУ Заводи музеј – Струмица е дел од манифестацијата Струмица град на културта за 2021 година.