Оние што никогаш не ја истражувале вистината, никогаш нема да го бараат ни Божјото. Тие само веруваат, но цврсто се приврзани за работата, за богатството, за пријателството со незнабошците и за многу други дејности од овој век што ним им одговараат. И така, тие не ги проучуваат Божествените параболи, и затоа што се затемнети од овие грижи, тие се расипуваат и стануваат бесплодни… Нивниот разум ги заблудува и тие не можат да сфатат ништо поврзано со правдата, а кога слушаат за Бога и вистината, нивните умови се занимаваат со нивната работа и тие тогаш ништо не разбираат. А оние кои имаат страв Божји, го истражуваат Божеството и вистината и го имаат своето срце при Господа, разбираат и сфаќаат сè што ќе им биде кажано, бидејќи во себе го имаат стравот од Бога. Зашто каде престојува Господ, таму има и големо сознание. Привзи се кон Господа и сè ќе сфатиш и разбереш.

Не клевете никого, ниту пак слушајте со задоволство клеветник. Ако не, и ти кој слушаш, ќе станеш соучесник во бесчестието на клеветникот. Ако поверуваш во клеветата која ќе ја слушнеш, тогаш верувајќи, и ти ќе се свртиш против својот брат. На овој начин ќе станеш соучесник во бесчестието на клеветникот. Клеветата е злокобна и нечесна, збунувачко демонско дело кое не носи мир и кое секогаш живее во раздор. Воздржи се од него и секогаш ќе ја имаш благонаклонетоста на сите.

Извадок од „Пастирот“ на св. Апостол Ерма