Ако имаме почит и усрдност кон храмот Божји или кон молитвата, тогаш ништо нема да ни го препречи патот.

Кога, на пример, кај вас на гости ќе дојдат некои роднини или познати, или нешто слично на тоа, тогаш вие ги оставате своите работи и одите кај гостите, па за молитвата немате време.

На ист начин и ние со немарност и мрзливост го вршиме делото Божјо. За со некого да поминеме неколку часа во бадијалчење, ние сме подготвени да го продолжиме празниот разговор и откако тој ќе заврши. После, кога ќе застанеме на молитва, наеднаш ни станува здодевно, и ни текнува за неодложни работи, и за тоа дека дошло време за одмор, и за други непотребности.

Ние самите уште овде се осудуваме, бидејќи, колку усрдно се трудиме во овој живот кон постојано сеќавање на Господа, толку и во идниот Него ќе Го спознаеме. Ова е слично на военото искуство, а исто е и во разните уметности, во јазиците и во науките. Таму ќе успее оној, кој претходно добро се потрудил да ги научи. Ако во овој живот ние сме мрзливи за молитва, тогаш и во идниот ќе бидеме во истата таква состојба.

Некој ученик го прашал старецот: „Бачушка, како да го исполниме словото во Евангелието: „Болен бев и Ме посетивте?“ А старецот одговорил: „Не грижи се ти тоа. Посетувај си ја душата со усрдна молитва кон Господа Бога, зашто твојата душа е заболена“.

Старец Александар Затворник