„Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен“ (Мт. 7, 21).

Нека не размислува секој од нас, вака: ние одиме во Црквата Божја, се молиме, правиме многу метании, па затоа ќе го добиеме Царството Небесно. Не! Ќе го добие оној, кој ги исполнува заповедите Божји. Прво, оној кој што Го љуби Бога со целото срце, и со сета душа, и со сите мисли. И второ, оној, кој го љуби ближниот како самиот себе, не живее само за себеси, туку и на братот свој му помага. И оној, кој ништо земно не љуби, односно, не е пристрасен кон светот.

Ако живееме во исполнување на Божјите заповеди, тогаш сме го добиле Светиот Дух, а ако така не живеете, тогаш ќе добиете дух демонски.

Молитвата не се состои само во метании. Нејзе ја следат и добрите дела. Секогаш и секаде е можно да се применува молитвата. И одејќи и седејќи. Молитвата е вознесување на умот кон Бога. При тоа, треба да се бара Неговата благост за простување на гревовите и да се изговара: „Господи! Прости ми ги согрешенијата и не лишувај ме од Своето милосрдие, дај ми победа над непријателот и надминување на сите страсти“.

Така треба да ја бараме Божјата помош, а воедно, и самите треба добро да живееме. Јас секогаш ви говорам: вашата молитва ќе биде неполезна, кога нема во доброто да живеете. Молете се, и не грижете се за својот живот, а ако живеете во мрзливост, тогаш вашата молитва е ништовна.

Преподобен Теодор Санаксарски