Оние што доаѓаа кај старецот Амвросиј, честопати го поставуваа општото прашање: „Како да живееме?“ Старецот, обично во форма на шега, им одговарал: „Да живееме, без да тагуваме, никого да не осудуваме, никому да не досадуваме и кон сите да покажуваме длабока почит и уважение“.

„Да не тагуваме“ – значи трпеливо да ги поднесуваме тагите и неуспесите во животот.

„Да не осудуваме“ – укажува на широко распространетата слабост кај луѓето да го осудуваат својот ближен.

„Да не досадуваме“ – значи никому да не му чиниме тага или непријатност.

Да се ​​однесуваме кон сите со длабока почит и да не се гордееме. Длабокото значење на овие зборови е смирението.

На ова прашање старецот одговараше и малку поинаку: „Треба да живееме нелицемерно и да се однесуваме примерно, тогаш нашето дело ќе биде вистинско, а инаку сѐ ќе излезе на лошо“.

Или вака: „Може и во светот да се ​​живее, но не пред очите на сите“.

Старецот зборуваше: „Треба да живееме на земјата така како тркалото што се врти. Тоа ја допира земјата само со една своја точка, а со останатите постојано се стреми нагоре, а ние, кога ќе залегнеме на земјата, никако не можеме да станеме“.

На прашањето: „Што значи да живееме според своето срце?“, Старецот одговарал: „Да не се мешаме во туѓи работи и да го гледаме во другите само доброто“.

„Внимавај, Мелитона!“, ѝ рекол тој на една калуѓерка, заштитувајќи ја од високомислие, „задржи го средниот тон; ако земеш повисок, нема да ти биде лесно, ако земеш понизок, ќе се лизнеш, а ти, Мелитона, држи се до средниот тон“.

Св. Амвросиј Оптински