Етида на самоста

Понекогаш мислам дека со декрет ми е пропишана
Та толку послушно си ја носам
Фазите напамет и ги научив
(одлична ученичка сум )
И затоа чекорот така синхронизирано и го следам
Дотаму што, однапред знам кога има намера стоичноста да си ја предаде
Па си земам за право кога заслужува и да ја потсетам
Оти не ја примив како потомок на Јуда.
Сами доаѓаме на овој свет
Сами и си одиме…
Се друго е само
привремена катараскта
Колку да биде поднослив патот на болката
до Голгота…..,.