Попис на животот

Мудрост е да знаеме да го измериме и премериме благото кое го поседуваме:
да знаеме до кај сме стасале,
кај сме згрешиле
и каде итаме;
да видиме колку сме изарчиле и уште колку имаме;
да се потсетиме и запаметиме,
да повториме и продолжиме.

Ама,
тргнавме ли попис на сакањето да правиме
тогаш знам дека
некаде
непоправливо сме погрешиле !

Катерина Панов Кожаров