Потсетување

Немаше да биде лошо
да си ги замиеме срцата,
со сапун и вода да ги исчистиме
од гнасотијата што ни’ се има исполепено
низ годините.
Оти нели се родивме чисти,
а ќе умреме со цел слој наслаги врз нив!
Толку многу маснотија ги обвива
што веќе не си ги ни препознаваме…
Дури што и ги губиме некаде
по маргините на животот толку спокојно,
та секој еден со забавена нихил- трансформација носи дијагноза за пречки во развојот.
Што аир од чистиот образ
кога забораваме срцето да го истриеме одвреме-навреме?!

 

Катерина Панов Кожаров