Кој е тој лукавиот?

Лукавиот – тоа е ѓаволот, непријателот на човечкиот род. Во однос на ѓаволот треба да избегнеме две крајности.

Некои се склони целосно да го одрекуваат постоењето на ѓаволот и бесовите. Тие луѓе – верници или неверници – не го осознаваат присуството во овој свет на зли сили, кои не се апстрактни сили, туку живи битија, бидејќи ѓаволот и бесовите, како и анѓелите – тоа се реални живи суштества.
Постои и друга крајност, особено распространета меѓу верниците, црковните луѓе – кога значењето на ѓаволот го преувеличуваат, кога човек толку многу се плаши од влијанието на ѓаволот и злите сили, што живее во некоја полупарализирана состојба. Оттука и распространетиот страв помеѓу верниците од уроци, штета и тн. Оттука и плашлив однос кон животот, при кој човекот од се се плаши, во сѐ гледа опасност, не може да живее креативно, слободно, полновредно.

Треба да сфатиме дека лукавиот, се разбира, има сила и може да изврши негативно, па дури и деструктивно влијание на нашиот живот, не само во тој случај, ако самите ние му дозволиме. Ѓаволот е бессилен онаму, каде што не го повикуваат, каде што не е пожелно неговото присуство.

Ако човекот оди во црква, се моли, го носи крстот на себе, се осенува со крстниот знак, ако ги исполнува Божјите заповеди и се воздржува од гревот, тогаш ѓаволот е бессилен, за него нема место во таквиот човек.

Кога ѓаволот наоѓа сила? Кога човек отвара некои процепи, вратнички во својот дом, кога, на пример, ќе падне во некоја страст, да речеме наркоманијата или алкохолизмот. А опасност од алкохолизмот не е во тоа што човекот ќе испие повеќе вино, отколку што би требало, туку во тоа што ова го обессилува и му отвора пристап на ѓаволот во неговата душа.

Затоа, кога Го молиме Бога: “Избави нѐ од лукавиот”, ние бараме Он да ни помага секогаш да наоѓаме сили да се воздржуваме од она што може да му даде можност на лукавиот да влијае на нашиот живот. И ако се научиме на тоа, тогаш ни ѓаволот, ни другите зли сили, ни уроци, ни магии, ни било што слично не можат да ни наштетат воопшто.

Извадок од книгата
Со пост и молитва