Кој нема за мене да заплаче, возљубени!

Кој нема за мене да рида, пријатели!

Кој нема за мене да воздивнува при тие злодела.

Кој нема за мојата судбина да просолзи.

 

Пред смртта, навистина јас мртов сум.

Пред судот од совеста своја сум осуден.

Пред маките мисловно крцкам со забите.

Пред крајот бескрајно се мачам.

 

Се плашам од огнот, во којшто јас ќе горам.

Се плашам од жестокоста, која ме очекува.

Се плашам од црвите, кои ќе ме јадат.

Се плашам од темнината, во којашто живеам.

 

Мене, нека ме оплакуваат подземната и бездната.

Мене, нека ме пожали темното дно на адот.

Мене, кој посака да живее во нив.

Мене, кој го возљуби мракот, а не светлината.

 

Минлив е тој живот суетен.

Минлив, и бргу поминува.

Минлив, на луѓето им се подсмева.

Минлив е и образот на овој свет.

 

Димитриј Кантакузин (+1384 г.)