Оној кој сака да се спаси, пред сè треба да ја чува соборната православна христијанска вера, а оној кој целосно и непорочно нема неа да ја сочува, несомнено ќе загине во вечни векови.
Соборната православна христијанска вера е оваа:
Еден Бог во Троица и Троица во Единица да почитуваме, и притоа ниту да ги слеваме Ипостасите, ниту Божествената суштина да ја разделуваме.
Една Ипостас е на Отецот, друга е на Синот, трета е на Светиот Дух; но Отецот и Синот и Дух се едно Единствено Божество; еднакво во славата и во вечното величие.
Каков е Отецот, таков е и Синот, таков е и Светиот Дух.
Несоздаден е Отецот, несоздаден е Синот, несоздаден е и Светиот Дух.
Несфатлив е Отецот, несфатлив е и Синот, несфатлив е и Светиот Дух.
Вечен е Отецот, вечен е Синот, вечен е и Светиот Дух.
И не се тројца вечни, но Еден е вечен, како што не се тројца несоздадени, ниту тројца несфатливи, но Еден е несоздаден и Еден е несфатлив.
Исто така, Седржител е Отецот, Седржител е и Синот, Седржител е и Светиот Дух, но не се тројца Седржители, туку еден е Седржител.
Па така, и Отецот е Бог, и Синот е Бог, и Светиот Дух е Бог, но не се тројца богови, туку Еден е Бог.
Еднакво е и Отецот Господ, и Синот е Господ, и Светиот Дух е Господ, но не се тројца Господа, но Еден е Господ.
И како што христијанската вистина бара, да ја исповедаме секоја Ипостас како Бог и Господ, така и соборната христијанска вера ни забранува, да исповедаме три богови и три господа.
Отецот не е создаден од никого, ниту е создаден, ниту е роден.
Синот е нестворен, несоздаден, но е роден од Отецот.
Светиот Дух не е создаден, ниту е создаден, ниту е роден, но исходи од Отецот.
Затоа, Еден е Отецот – не се тројца Отци, Еден е Синот – а не тројца Синови, еден е Светиот Дух – и не се три Свети Духа. И секоја од трите Ипостаси на Света Троица, не е прва или последна, ниту помала или поголема, но сите три Ипостаси, се еднакво вечни и еднакво велики.
Како што погоре кажавме: треба да се почитуваат сите Три Ипостаси како Единствено Божество, а во Едното Божество, сите три Ипостаси.
Оној кој сака да се спаси, така за Света Троица нека мудрува.
Св. Атанасиј Велики