Благочестиви верници,

Свечената литија со Светата икона на Пресвета Богородица Брзопослушница ќе се одржи в петок, 29.4.2022 година и в сабота, 30.4.2022 година.

В петок, 29.4.2022 година, по вечерната служба која ќе  почне во 16 часот во манастирот „Свети 15 Тивериополски свештеномаченици“, Светата икона со поворка ќе биде пренесена во црквата „Свети Димитриј и свети Григориј Палама“.

В сабота во 8 часот во црквата „Свети Димитриј и свети Григориј Палама“ ќе почне светата божествена литургија по која ќе тргне свечената литија до плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица.

Верниците освен на иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница ќе може да се поклонат и на пред светите мошти на Св.Гаврил Велички, Св.Василиј Велики и Св.Првомаченик Стефан.