Во првите денови од Светата Четириесетница, викарниот Епископ Јаков Стобиски служеше Големо повечерие со Великиот покаен канон на свети Андреј Критски во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица.
Денес, на 17 март 2021 година, во средата од Првата седмица од Великиот пост, викарниот Епископ Јаков Стобиски отслужи Света Литургија на Претходноосветени Дарови во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица.