Љуби без размислување: љубовта е едноставна. Љубовта никогаш не греши. Исто така, без размислување верувај и надевај се, бидејќи верата и надежта исто така се едноставни, или подобро кажано, Бог во кого веруваме и се надеваме, е исто така едноставно Битие, како што и Он е едноставна љубов. 

Нашиот живот е љубов – да, љубов. А каде е љубовта таму е и Бог, а каде е Бог, таму е и секое добро. „Но барајте го најнапред царството Божјо и Неговата правда, и сè ова ќе ви се придодаде“ (Мат. 6,33).

Според тоа, секого со радост храни го и насладувај го, со радост на сите им угодувај, во сѐ надевајќи се на Отецот небесен, на Отецот на милосрдието и Бог на секоја утеха. Ти сакаш Господ да те насладува со Својата љубов, насладувај ги и ти срцата на другите со нежна љубов и пријатно однесување. 

Свети Јован Кронштадски 

Извадок од книгата 
Како да достигнеме светост