Можеш да имаш дар неспоредливо поголем од дарот да воскреснуваш мртви, да даваш вид на слепите, и да го вршиш сето она што го правеле апостолите. Кој е тој дар? ЉУБОВТА!
Трудете се да го добиете, тој е повеќе од воскресение на мртвите, тој неспоредливо ги надминува сите други дарови.

Љубовта е свидетелство на Христијанинот оти тој ученик Христов, Кој се распнал за светот и нема ништо заедничко со земното.

Ќе кажете: ние и сега сакаме, ние имаме многу пријатели. Се сакате, меѓутоа, не за Бога, а за самите себеси. Кој сака во името на Бога, тој има таква побуда кон љубовта: тој е расположен кон сите како кон свои браќа – верните ги сака како браќа, а јазичните , јудеите и еретиците ги жали како свои браќа по природа, но како недобри и неполезни, тој ги оплакува.

Да бидеме искрени ученици на Христа, да го носиме достојно Неговото име, да се сакаме еден со друг на дело – да постанеме жртвеници на љубовта!

Извадок од книгата
Духовни бисери на светите отци