“Ги оставив садовите

Небрежно

Како да не се мои

Полагајќи надеж во 

Машината.

Ги оставив гревовите

Непромислено

И се натрупаа

Под превезот на побожноста

Сега стојам на мијалникот

И се враќам во срцето

Обраснато со лишаи

И со многу трње.

Радоста е

Соткаена во нишките 

На маката. Женската мака”