Македонка Маџирова – Бунт Мај 13, 2021 | Култура, Поетско Катче Бунт Зошто има некогаш Само зборови Место насмевки Само правила Место воздишки Зошто е јасно Место да е просто Зошто е опширно Место да е проѕирно Оној што ги има Сите одговори Нежно чека да ме Припои кон Вистината