Да го вдишам
Мирисот на полето
Пак
Жужалците да ми запеат
Пак
Да се искачам на трапчето
Да погледнам надолу
Кон реката
И нагоре
Кон
Стадата на ридот
Да си каснам од новото
Грозје
Да прилегнам под оревот
Во ладовина
Зад скутината на баба ми да се сокривам
Пак да бидам дете
Пак да бидам дете.

М.М.