Умор ( на Лидија Давчева )

Уморот се исцртува
На твојата лика
Се впива во кожата
И патува до секое делче
Од твоето тело
Бесценето и бело
(Кое како риба
Се лизнува и бега
Се отима, се противи
На сите промени
И мотиви)
И тајно исчезнува
Низ порите на тушот.
Остатокот преспива
Во косата
Удобно се мести
На перница
И влегува непоканет
Во сонот
Па седи таму
Дури до ѕвонот
До следното утро
Се маскира во проѕевка
Во здив потемнет и сив
Се надвиснува над градот
Го обиколува плоштадот
Низ олуците истекува
Непотребно се расфрла
Исплашен од далечините
Измамен од височините
Изгрејсонцата заспан
Ги дочекува
На повикот за битка
Не се одзива
Во недоглед се протега
Демне од покривите
Жител на градот е тој
Без улица и број

 

Македонка Маџирова