Заборавноста ме ужаснува.

Заборавноста ме

обеспокојува.

Но заборавноста е мојата

облека.

Се вртам изгубено наоколу

Пред конечното предавање

И само што сум истрпнала

Само што сум кренала раце –

Како река понорница навираат

Сеќавања од секаде

И ме доведуваат во ред

Ме клаваат на трон, ми се

Закитува главата со трнов

венец.

 

Македонка Маџирова