СПРОСТРЕН ЖИВОТ

Висиме наизменично како партали на искината жица.
Едно утро додека завива ветер
ќе тресне вратата од силен молк,
а јас ќе светнам само во очите на свеќата.